Папата Фрањо испрати порака по повод конференцијата „НИКОЈ НЕ Е ИСКЛУЧЕН. Растеме заедно во порамноправна земја“, организирана од Banca Intesa: финансиите се уметност заснована на доверба во односите, која може да се изгради само преку развој на „култура на средба”.
Ова беше и остана тема драга на Папата во ера на пазарна глобализација, економија и финансии насочени кон општото добро и кои го почитуваат човечкото достоинство. Тоа отсекогаш било случај со папата Фрањо, кој тоа го повтори во својата порака до Карло Месина, овластениот управител на банката Интеса. Повод беше конференцијата „НИКОЈ НЕ Е ИСКЛУЧЕН. Растеме заедно во порамноправна земја“, која се одржа во четврток, 26 октомври 2023 година, на која меѓу учесниците беше и сестра Алесандра Смерили, секретар на Дикастеријата за промоција на интегрален човеков развој, која ја прочита пораката на Папата.
Доверба, средба и уметност на финансиите
Поттикот на папата Фрањо – како што се наведува во пораката – е да го зајакне процесот на економско и социјално вклучување фокусирано со посебно внимание на најранливите, а пред се на мигрантите, и имплементација на проекти за „демографија на одржливост“ кои – како што истакна – мора да најде протагонисти кај младите и кај постарите и да делува како противотров на културата на отфрлање.
Папата потсети дека изворните причини и мотивации на кредитната и финансиската уметност се засноваат на доверба и користење на парите како животен сок на економскиот систем, за да има секој можност за успех. Тоа е уметност која бара доверба, односи за кои папата Фрањо се надева дека ќе се изградат само преку развивање на „култура на средба“ каде што секој глас ќе може да се слушне и секој може да напредува, наоѓајќи заеднички јазик, градејќи мостови и предвидувајќи долгорочно инклузивни проекти .
Ватикан њуз/к.мк