Нема христијанство надвор од Црквата

Не може да се сфати христијанин без Црква. Да го љубиш Христос без Црква е апсурдна дихотомија рече папата Фрањо во проповедта на светата Литургија на 30 јануари во капелата на домот Света Марта.

Христијанин не е крстеник кој примил крштение и потоа оди по својот пат. Првиот плод на крштението е припадност на Црквата, на Божјот народ. Не може да се сфати христијанин без Црква. И поради тоа големиот Павле VI ќе каже дека е апсурдна дихотомија да го љубиш Христос без Црквата. Тоа не е можно. Пораката на Евангелието ја примаме во Црквата и се посветуваме во Црквата, нашиот пат е во Црквата. Сѐ друго е фантазирање односно како што тој кажа, апсурдна дихотомија. „Sensus ecclesiae“ всушност е да чувствуваш, да мислиш, да сакаш внатре во Црквата, рече Папата по кое постојат три темела на таа припадност на Црквата.

Првата е понизност: припадноста на заедницата на Црквата мораме да го доживеваме како голема милост. Кој не е понизен не може да чувствува со Црквата, ќе го чувствува тоа што му се допаѓа. Мораме да бидеме свесни дека историјата на спасението не почнала со нас и нема да заврши кога јас ќе умрам. Да бидеш понизен значи да бидеш свесен дека самиот си мал дел од големиот народ кој оди по Господовиот пат, додаде Папата.

Вториот стожер е верност, која треба да биде поврзана со послушноста. Тоа е верност на Црквата, на нејзиното учење, верност на Верувањето, верност на учењето, да го чуваме тоа учење. Ние ја примаме пораката на Евангелието како дар, рече Папата цитирајќи го Павле VI и мораме да го пренесуваме како дар, но не како нешто наше: тоа е примен дар кој го даваме на другите. И во тоа пренесување мораме да бидеме верни. Сме примиле и мораме понатаму да го пренесуваме Евангелието кои не е наше, кое е Исусово, и не смееме да станеме господари на Евангелието, господари на примената наука и да ја користиме по сопствена дискреција.

Третиот стожер е да молиме за Црквата. Мораме да се молиме за целата Црква секогаш, секој ден, истакна Папата. Нека Господ ни помогне да одиме по тој пат, да ја продлабочиме нашата припадност на Црквата и своето чувствување со Црквата, рече на крајот Папата.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот