Неделно Слово – Петнаесетта недела по Педесетница

Неделно Слово – Петнаесетта недела по Педесетница

Ви го пренесуваме размислување за Петнаесеттата недела по Педесетница според Евангелието од Матеј 22,35-46 кое е објавено на социјалните мрежи на Радио Марија.

Читање на светото Евангелие од Матеј (22,35-46)

И еден од нив, законик, искушувајќи Го, запраша и рече: Учителе, која заповед е најголема во Законот? А Исус му одговори: „Возљуби Го Господа, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој разум; тоа е прва и најголема заповед; а втората е слична на неа: Возљуби го својот ближен како себеси! На тие две заповеди се крепат целиот Закон и Пророците.”

И кога се собраа фарисеите, Исус ги праша и рече: Што мислите за Христа? Чиј е син? Му одговорија: Давидов.

Им рече: „Како тогаш Давид, надахнат од Духот, Го нарече Господ, велејќи: »Му рече Господ на Мојот Господ: Седи од Мојата десна страна, додека не ги положам непријателите Твои во подножјето на нозете Твои.« И така, ако Давид Го нарече Господ, како тогаш да Му е Он син?” И никој не можеше да му одговори ниту збор, и од тој ден никој веќе не се осмели да Го праша.

Категорија: Вера, Духовност

За авторот