Неделно Слово – Недела на жените мироносици

Неделно Слово – Недела на жените мироносици

Ви го пренесуваме размислување за Недела на жените мироносици, според Евангелието од Марко 15,43-16,8 кое е објавено на социјалните мрежи на Радио Марија

Дојде Јосиф од Ариматеја, прочуен член на советот, кој и сам го очекуваше царството Божјо, се осмели и влезе при Пилата и го помоли за телото Исусово.  Пилат се зачуди дека Он веќе умрел: и кога го извика стотникот, го праша дали одамна умрел.  Па штом узна од стотникот, му го даде телото на Јосифа.  А Јосиф купи плаштаница, Го симна и Го обви во плаштаницата и Го положи во гроб, што беше издлабен во карпа; и навали камен на гробната врата.  А Марија Магдалина и Марија Јосиева гледаа, каде Го полагаат.  Штом мина сабота, Марија Магдалина, Марија Јаковова и Саломија купија мириси, за да дојдат и Го помажат Исуса.  И во првиот ден од седмицата, дојдоа на гробот многу рано, кога изгреваше сонцето, па си зборуваа помеѓу себе: „Кој ќе ни го одвали каменот од вратата на гробот?” И кога погледнаа, видоа дека каменот е одвален, а тој беше многу голем.  Штом влегоа во гробот, видоа еден млад човек, облечен во бели алишта, како седи од десната страна; и се уплашија многу.  А тој им рече: „Не бојте се! Вие Го барате Исуса Назареецот, Распнатиот. Он воскресна, не е овде. Еве го местото каде што беше положен. Но одете, кажете им на учениците Негови и на Петра, дека Он пред вас ќе отиде во Галилеја; таму ќе Го видите, како што ви беше рекол.”  Па, штом излегоа, побегнаа од гробот, зашто ги опфати страв и ужас, и никому ништо не рекоа, оти се боеја.

Категорија: Вера, Духовност

За авторот