На христијаните на Блискиот Исток им се заканува уништување

На христијаните на Блискиот Исток им се заканува уништување

На христијаните и припадниците на другите етнички и верски малцинства на Блискиот Исток им се заканува целосно уништвување – рече надбискупот Бернардито Ауза постојан набљудувач на Светиот Престол при Обединетите нации, зборувајќи на Генералното собрание за состојбата на Блискиот Исток.

На христијаните и припадниците на другите етнички и верски малцинства на Блискиот Исток им се заканува целосно уништвување. Мора да се запре насилството во Божјо име – рече надбискупот Бернардито Ауза постојан набљудувач на Светиот Престол при Обединетите нации, зборувајќи на Генералното собрание за состојбата на Блискиот Исток и за палестинското прашање.

Решавање го израелско-палестинското прашање

Надбискупот изрази загриженост во врска со израелско-палестинските преговори кои се прекинати токму тогаш кога дипломатските напори требаше да поттикнат решение за двете држави во меѓународно признати граници. Надбискупот ја истакна потребата од влада на единство во Западниот Брег и појасот Газа заради напредок на мировните преговори и спроведување на меѓународна поддршка на населението кое во целост зависи од хуманитарните потфати.

Блискиот Исток денес земја на насилство и нехуманст

Говорејќи општо за Блискиот Исток надбискупот рече дека колевката на цивилизацијата и местото на раѓање на јудаизмот, христијанството и исламот се претвори во сцена на неверојатна суровост. Целосно непочитување на меѓународното хуманитарно право се искачи на загрижувачка висина на нехуманост. Училиштата, болниците, хуманитарните конвои, хумантирани работниците и новинарите се постојана цел на немилосрдни напади. Лешевите под урнатините и бегалци кои лутаат се јасно сведоштво за циничното непочитување и газење на меѓународните хуманитарни правила – рече постојниот набљудувач на Светиот Престол.

Надбискупот потсети на неодамнешниот апел на папата Фрањо во Алепо веднаш да се прекине военото делување исто така и во другите краеви на Сирија и да се договори траен прекин на огнот за да се овозможи излез на цивилите, посебно децата кои се под жестоки бомбардирања. Додека ние проодлжуваме да расправаме, христијаните и членовите на другите етнички и верски малцинства на Блискиот Исток се на работ на целосно уништување со своите цркви, манастири, споменици и предмети за богослужба, од кои многу се претворени во прашина и урнатини.

За да се запре пролевањето на крв и уништувањето потребна е соработка на целата меѓународна заедница. Треба да се прекине испораката на оружје и муниција и по секоја цена да се промовира дијалог, преговори, хуманитарна поддршка, солидарност и почитување на основните човекови права. На крајот на краиштата насилството во Божјо име мора да престане – заврши надбискупот Ауза.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот