На Тајмс сквер ќе биде постaвен ултразвук: Никој повеќе нема да може да каже дека тоа не е дете
На Тајмс сквер ќе биде поставен огромен ултразвук на бебе во утробата: Никој повеќе нема да може да каже дека тоа не е дете.
Откако во САД е изгласан законот кој дозволува абортус до раѓањето на детето, една пролајф група активисти одлучи на Тајмс сквер да емитира 4Д ултразвук на бебе во третиот месец од бременоста. Ултразвукот ќе биде поставен на 4 мај оваа година на голем екран, пренесува Алетеија.
Се надевам дека пролајф Американците ќе го наполнат плоштадот. Ќе имаме жива музика, силни и инспиративни говорници, и она што е најдобро, 4Д ултразвук во живо, кој на светот ќе им испрати силна порака како бебето во утробата е човек, на кој треба да му се дае можност да се роди“, најави здружението Фокус на семејството, која го организира овој настан. „Никој повеќе нема да може да каже дека ова не е дете. Сите ќе видат дека тоа е дете“, изјави за ЦБН њуз, претседателот на Фокус за семејството, Хим Дејли.
Настанот е наречен „Во живот од Њујорк“, а претставува врв на кампањата „Погледни го животот јасно“. Се очекува на тој дена на главниот плоштад во Њујорк ќе се соберат застапници за животот од цела земја.
к.мк