На празникот Свети Петар и Павле епископот Стојанов ќе служи Молебен на Паљурци и света архиерејска Литургија во Гевгелија
![На празникот Свети Петар и Павле епископот Стојанов ќе служи Молебен на Паљурци и света архиерејска Литургија во Гевгелија](https://katolici.mk/wp-content/uploads/2023/07/13073-2-800x500_c.jpg)
На празникот Свети Петар и Павле, 12 јули 2023 година со почеток во 17.00 часот, на темелите на црквата Свети Павле во Паљурци, Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх ќе го предводи Молебенот до Пресвета Богородица во Паљурци, во заедништво со свештеници и верници од Струмичко – скопската епархија.
На истиот ден епископот Стојанов со почеток во 18.30 часот во црквата „Свети Петар и Павле“ во Гевгелија, која го прославува својот патрон, ќе служи архиерејска света Литургија.
Од светата Литургија Радио Марија ќе врши директен пренос.
Ватикан њуз/к.мк