На празникот Крштение Господово Папата крсти 26 деца
Папата Фрањо на 10 јануари на празникот Крштение Господово крсти 26 деца за време на светата Литургија во Сикстинската капела. Ги потсети родителите дека верата е најскапоценото наследство кое може да се предаде на своите деца.
Папата Фрањо на 10 јануари на празникот Крштение Господово крсти 26 деца за време на светата Литургија во Сикстинската капела. Вие родители денес ги носите своите деца на крштение за да ја примат верата. На тој начин верата се пренесува од една генерација на друга како синџир долж времето – рече Папата во кратката проповед.
На родителите им кажа дека нивните деца еден ден ќе стојат на нивното место со сопствените бебиња и за нив да ја бараат истата работа: верата која ни се дарува во крштението; верата која Светиот Дух денес ја внесува во срцето, душата и животот. Вие побаравте вера. Кога на вас Црквата ви ја дава запалената свеќа ви кажува да ја сочувате верата во овие деца – рече Светиот Отец истакнувајќи: немојте да заборавите дека верата е најголемото наследство кое на своите деца можете да им го предадете; внимавајте да не се изгуби, поттиикнувајте да расте и оставете им ја во наследство.
На родителите им посака да бидат способни да ги воспитат своите деца во верата и најголемото наследство кое од нив ќе го примат нека биде верата. На крајот поттикна на молитва за новокрстените кои се повикани на усвојување преку Исус Христос како и за родителите, кумовците и кумите и за сите крстени.
РВ/к.мк