Папата Фрањо (Хорхе Марио Бергољо) во петок 23 април на празникот Свети Ѓорги, кога го слави својот именден, во Салата Свети Павле VI се сретна со сиромашни и бездомници од Рим, на кои по повод неговиот именден им обезбеди втора доза вакцина против коронавирусот – објави Канцеларијата за печат на Светиот Престол.
Папата не само што на неговиот именден им обезбеди вакцина за оние кои се во потреба, туку и лично ги посети во просторијата каде што беа вакцинирани. Средбата траеше околу половина час, а Папата, поминувајќи меѓу нив, ги поздрави. Се задржа и со волонтерите кои им помагаат на бездомниците и сиромашните. Поздравувајќи ги, тој им даде големо велигденско чоколадно јајце, кое го споделија едни со други, а и тој самиот зеде едно парче.
Потоа присутните на Папата му испеаја именденска песна, а тој им се заблагодари и ги охрабри да продолжат со напорната работа.
Апостолскиот милостилничар кардинал Конрад Крајевски на крајот им се заблагодари на сите волонтери и здравствени работници.
Ватикан њуз/к.мк