Монсињор Галагер: Да се одржи надежта за преговори во Украина

Монсињор Галагер: Да се одржи надежта за преговори во Украина

Во интервју за списанието „Америка“, секретарот за односи со земјите и меѓународните организации се осврна на конфликтот во Украина, охрабрувајќи ја меѓународната заедница на дијалог и враќање на мирот. Папата сака и чувствува дека мора да оди во Украина, рече надбискупот Галагер.

Тоа е „војна на исцрпување“ на меѓународната заедница останува да ја одржи надежта за дијалог, за преговори – ова се зборовите на надбискупот Пол Ричард Галагер, секретар за односи со држави и меѓународни организации, осврнувајќи се на конфликтот во Украина. Во интервјуто дадено за Џерард О’Конел, ватикански дописник на Исусовското списание „Америка“, надбискупот ја спомна неговата посета на Украина во мај оваа година и нагласи дека ја запознал издржливоста на луѓето, нивната решителност, нивната храброст. Но – додаде – научив да го препознавам и големото ниво на страдање, поради големата загуба на човечки животи и стравот дека војната ќе продолжи.

Ставот на Светиот Престол

Затоа, не игнорирајќи ги насилството и конфликтот, надбискупот Галагер ја истакна улогата на Светиот Престол во повикувањето на преговори и повторно воспоставување на мирот. Од руска страна – додаде тој – немаше директен повик до Светиот Престол да посредува; меѓутоа, контактите меѓу двете земји се одржуваат на одредено ниво, преку апостолскиот нунциј во Москва. Позицијата на Светиот Престол е ценета – додаде монс. Галагер – но не се одеше понатаму, какп што немаше и директна покана до Папата да оди во Москва.

Надбискупот потоа потсети на поддршката на Светиот Престол за суверенитетот и интегритетот на Украина, повторно истакнувајќи дека на Украинците им останува да преговараат со другите, посебно со Русите. Од овој принцип произлегува фактот дека Светиот Престол нема да признае никакво еднострано прогласување независност, на пример покраините Доњецк и Луганск.

Патувањето на Папата

Што се однесува до надежта дека Папата може да оди во Киев во август, надбискупот Галагер истакна дека Светиот Отец постигнал голем напредок во својата мобилност, која во последно време е тешка поради гонартрозата. Сепак, сега се работи на патувањето во Канада, закажано за 24-30 јули, а прашањето може сериозно да се разгледа следниот месец. Во секој случај, папата Фрањо сака и чувствува дека треба да оди во Украина и покрај тоа што нема покана од Москва. Тие две работи не се поврзани – забележа и додаде: Добро би било да беа. Но, верувам дека во овој момент главен приоритет на Папата е да замине во Украина и да се сретне со властите, народот и локалната Католичка црква – рече на крајот надбискупот Галагер.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот