На денешен ден пред 34 години во парохиската црква „Свети Прирок Илија“ во Радово за свештеник е ракоположен Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов од страна на монс. д-р Јоаким Хербут. По тој повод во име на сите свештеници редакцијата Католици.мк му ја честита годишнината од свештеничкото ракополагање и му посакува уште долги години плодна пастирска работа. На вас пак драги читатели го препорачуваме нашиот епископ во вашите молитви. На многаја и благаја лета владико!
к.мк