Папата Фрањо на Задушница 2 ноември 2020 година ќе ја предводи светата Литургија на германските гробишта во заводот Кампо Санто Теутонико во Рим.
Светата Литургија со почеток во 16.00 часот Папата ќе ја служи без присуство на верници, соопшти Канцеларијата за печат при Светиот Престол.
Потоа Папата ќе се упати во криптата на базиликата Свети Петар и ќе се помоли за своите претходници, како што тоа вообичаено го правеше пред него папата Бенедикт XVI. На тој ден папата Фрањо вообичаено посетува римски гробишта, па така минатата година ги посети Катакомбите на Свети Прискила.
Канцеларијата за печат при Светиот Престол соопшти дека Папата на 5 ноември во 11.00 часот ќе служи света задушна Литургија за покојните кардинали и бискупи на олтарот во Катедрата во базиликата Свети Петар, а поради пандемијата бројот на присутните верници ќе биде ограничен.
Ватикан њуз/к.мк