Папата Фрањо на годишнината од посетата на Лампедуса во среда 8 јули 2020 година ќе служи света Литургија, италијански остров, кој е симбол за страдањата на мигрантите.
На годишнината од посетата на Лампедуса во 2013 година папата Фрањо во среда 8 јули во домот „Света Марта“ ќе служи света Литургија, соопшти на 6 јули 2020 година Канцеларијата за печат при Светиот Престол. Со оглед на епидемиолошката ситуација на светата Литургија ќе присуствуваат само персоналот од Одделот за мигранти при Дикастеријата за целосен човечки развој – стои во краткото соопштение од Канцеларијата за печат при Светиот Престол.
Ватикан њуз/к.мк