Најавена е посебна аудиенција на папата Фрањо со слепи и глуви лица

Папата Фрањо на 29 март во салата Павле VI ќе одржи посебна аудиенција за слепи и глуви лица.

„Среќен сум што папата Фрањо ќе покаже на целиот свет за постоењето на нашиот свет и тоа со аудиенција само за нас. Во поглед на нашиот недостаток, на луѓето не им е јасно колку многу ова ни значи“, истакна Јакоб Баде од Германија и додаде дека досега никогаш не е одржана аудиенција за глуви лица.

Баде, кој и самиот е глув, посебно ја истакна важноста од таа средба за сите слепи и глуви лица.

„Сите ние посакуваме исполнет живот и постојано комуницираме едно со други и затоа таа средба со Папата е многу важна“, нагласи Баде.

„Кога бев мал татко ми ме поведе да го видам папата Иван Павле II. Тој ме благослови и ме бакна на двете ушиња. Би било убаво и папата Фрањо да може да успее да ги промени на подобро животите на нас глувите“, рече на крајот Баде.

ЕВТН/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот