Најава: Свети Илија во Радово
Во чест на небесниот заштитник на Парохијата Радово – Свети Пророк Илија – во понеделник, 01 август во 18.30 часот ќе се служи Велика Вечерна, со Литија на која ќе биде благословот на петолебие, пченица, масло и вино.
Во вторник, 02 август на празникот, во 10.00 часот ќе се служи Света архиерејска Литургија, која ќе ја предводи Неговото Високо Преосвештенство д-р Киро Стојанов.
На крајот на Литургијата следува бласлов (миросување) на сите верници со благословениот елеј.
После светата Литургија е благословот на заедничкото Агапе, кое го подговуваат одборниците при парохијата во Радово.
Во деновите пред празникот има можност за света Исповед во црквата.
к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
За авторот
Слични написи
Честитки до бискупот Стојанов од поглаварот на МПЦ – ОА, г-дин г-дин Стефан и од Реисул – Улема на ИВЗ во Македонија х.Хфз. Шаќир еф. Фетаи
Најава: Свечена Архиерејска Литургија во Сарај по повод патрониот празник Свети великомаченик Димитриј

