Надбискупот Паглија ја потврди определбата на Црквата против евтаназијата и потпомогнатото самоубиство
По приватната аудиенција кај папата Фрањо, претседателот на Папската академија за живот, надбискупот Винченцо Паглиа, во четвртокот, 8 август 2024 година, се осврна на содржината на Малиот лексикон за крајот на животот, кој го објави Ватиканската издавачката куќа (LEV) на почетокот на јули.
Апсолутно противење на потпомогнатото самоубиство и евтаназијата; одбрана на правото на живот на секој човек, особено на најранливите; неопходна проценка на непропорционални процедури; поголема грижа за пациентите; соработката на Црквата и политиката за прашањата за крајот на животот – ова се дел од темите содржани во новиот лексикон на Папската академија за живот. Во него се појаснуваат термините поврзани со етичките прашања во дискусиите за крајот на животот, од евтаназија и потпомогнато самоубиство до палијативна нега и кремирање.
Како што е објавено на веб-страницата на Ватиканската издавачката куќа LEV, прирачникот е концептуално ригорозен и ги користи најновите научни податоци, и на разбирлив јазик има намера да ги разјасни поимите и да разјасни како правилно да се користат, помагајќи им на оние кои се обидуваат да се снајдат во овие тешкотии.
Тој потврди дека брошурата всушност содржи појаснувања кои имаат основа во папското и црковното учење во последните 70 години, објасни надбискупот Паглија. Тој му подари примерок од лексиконот на Папата за време на аудиенцијата во Апостолската палата.
По тој повод Светиот Отец се заблагодари за работата на Папската академија за живот. Навистина, прашањето за крајот на животот е сложено, а Црквата има богато учење уште од Пиј XII, 1957 година до денес – додаде надбискупот.
Животот треба да се брани во целост, не само во некои делови – продолжи тој. Правото на живот мора посебно да се брани, особено на слабите, за да се спротивставиме на „културата на отфрлање“ што се крие зад тврдењето за самодоволност и независност на денешните мажи и жени.
Црквата го повторува своето апсолутно противење на секој облик на евтаназија и потпомогнато самоубиство – нагласи претседателот на Папската академија за живот. Ова е и мое уверување, иако некои сакаат да ме натераат да го кажам спротивното – додаде тој.
Мораме да бидеме многу поангажирани од вообичаеното следејќи ги луѓето во последните фази од нивното постоење, знаејќи дека за нас верниците смртта не е последниот збор! – рече меѓу другото монс. Паглија.
Ватикан њуз/к.мк