Момче ожени се!

Постои една работа со која ние модерните мажи се бориме, тоа е неодлучноста. Никако да се одлучиме што сакаме, па наместо да ја одредиме својата цел како што е бракот и наместо да тежнееме кон таа цел ние ја заобиколуваме, си земаме време, чекаме уште некои неодреден знак за да ни открие како би требало понатаму да постапиме.

Веќе со години ме интересира Втората светска војна. Посебно сакам да читам извештаи за битките од прва рака како што се оние кои можат да се најдат во книгите на Маркус Бротертон и Стефан Амброси, за храбрите и неуништливи мажи кои се бореле во таа војна.

Сепак на страна, приказни за храброста секогаш ме заинтригираат со едноставноста со која тие воени ветерани гледале на влегувањето во брак. Приказната содржана во нивната биографија за тоа како ја запознале својата жена, обично оди вака некако:

„Кога се вратив дома од должност бев на офицерски бал и ја видов Бети. Беше најубавата девојка во салата. Му реков на својот пријател: „Ќе се оженам со таа девојка“ и ја прашав за танц. Ова година славевме 55 годишнина од бракот.

Накратко, овие момци доаѓале дома подготвени да се оженат и да формират семејство. Немало размислување за површно видување или за одење и прекинување додека не дојдат во раните триесет или да живее во подрумот во куќата на родителите додека не добие добра работа. Не, тие биле и повеќе од подготвени за одговорноста која ја носи бракот и семејството. И барале жена, а не девојка.

Одење со намера

Сите би можеле да научиме неколку работи од мажите на „најславните генерации“ посебно што се однесува до важноста за одењето со намера.

Постои една работа со која ние модерните мажи се бориме, тоа е неодлучноста. Никако да се одлучиме што сакаме, па наместо да ја одредиме својата цел како што е бракот и наместо да тежнееме кон таа цел ние ја кружиме, си земаме време, чекаме уште некои неодреден знак за да ни открие како би требало понатаму да постапиме.

Наоѓаме девојка која ни се допаѓа и тогаш одиме со неа неодредено време. Дури стануваме сериозни и разговараме за брак, но страв ни е да се обврзиме. Попрво би играле на сигурно и би уживале во предностите на емоционалната интимност без било каков ризик за официјален ангажман.

Но, не можам доволно да ве охрабрам – ако веќе сте препознале дека вашиот повик е брачен живот – да одите поради бракот. Немојте да барате девојка, барајте жена.

Зошто тоа го кажувам? Па, постојат неколку проблеми со одењето без јасна намера за брак. Прво тоа е нефер спрема твојата девојка. Многу е јасно дека жените сакаат јасна обврска. Иако тоа не е секогаш случај, прилично е веројатно. Ако одите некое време, емоциите кои ги делите стануваат интензивни, разговарате за деца, но и покрај тоа ти не покажуваш никаков знак дека ќе ја запросиш, твојата девојка ќе стане нетрпелива. Со причина, јас би рекол. Ако немаш намера да се ожениш со неа, не би ни требало да ја завлекуваш. Но, ако планираш да се ожениш со неа, направи јасен план и тоа нека стане официјално.

Второ, што подолго одите со некој и вашата врска станува емотивно набиена, создавате веројатност да дојдете во искушение да почнете грев на блудност. Светот со тоа нема проблем и мнозинството парови се впуштаат во сексуална активност пред бракот. Но, како католици, ние знаеме подобро. Тоа не е вредно, загрозување на твојата бесмртна душа и душата на твојата девојка, само затоа што не се чувствуваш подготвен за брак. Верете се и бидете кратко верени, но што и да правите знајте дека што подолго чекате толку потешко ќе ви биде да ја одржите чистотата.

Најпосле, тука е и прашањето за емотивната интимност. Неодговорно е и би рекол на границата на гревот е да бидеш интензивно емотивно поврзан со повеќе жени со кои немаш намера да се ожениш. Сериски прекинувања, слично како и сериски површни излегувања со некои можат да остават трајни емоционални рани за двете страни, иако за тоа можеби не си веднаш свесен.

Но…

Иако верувам дека е важно да одиш со намера, потполно разбирам дека можеби нема да се ожениш со првата девојка со која одиш. Тоа е во ред, но би требало барем да влезеш во врска со мисла за брак некаде во потсвеста и да постапуваш во согласност со тоа. Ако мислиш дека жената со која одиш не е соодветна за брак треба да ја прекинеш врската, без оглед на тоа колку добро заедно се забавувате. Единствено тоа е фер и џентламенски.

Поентата е во ова: бракот е света Тајна, одењето не е тоа. Одењето едноставно е процес за запознавање. Секогаш би требало во молитвите да прашуваш дали тоа е жената со која Бог сака да се ожениш. Ако веќе знаеш дека е таа, тоа е подобро. Еднаш кога ќе ти стане јасно дека тој е твојот сопатник кој ти е наменет, не троши го времето. Влези во брак. Направи го тоа. Да, тоа може да биде застрашувачки, да тоа може да биде чин на слепа вера, но биди одлучен и направи нешто.

Што е брак?

До сега пишував за важноста на одење со намера односно одење со јасна цел за брак. Но, пред да продолжиме понатаму, мислам дека е важно да дефинираме што е вистински, светотаински брак, посебно во светло на силна збунетост околу неговата вистинска природа, непрекинати обиди за негово редефинирање и негово универзално дезинтегрирање во општеството, дури и меѓу католиците.

Бракот во криза

Цела недела американските медиуми трубат за забраната на појавувањето на Фил Робертсон во лудо популарното ТВ шоу Duck Dynasty поради критикување на хомосексуалноста и прогласувајќи ја за грев (се работи за реално шоу за многубројно семејство кое се збогатило со продажба на мамки за лов на патки, а неговиот водител бил суспендиран после изјавата за хомосексуалноста, но под закана дека целото семејство ќе го напуши шоуто, суспензијата сепак е укината). Фактот дека тоа предизвикува контроверзи е добар показател на културалната конфузија за природата на сексуалноста и брачниот договор.

Овде, во САД, отприлика 16 држави ги легализирале т.н. „геј бракови“ а уште повеќе држави планираат да го следат тој пример. Во медиумите традиционалниот брак е исмејуван, а „алтернативните“ животни стилови се промовираат и фалат.

Но, како воопшто дојдовме до ова точка? Како општеството се развило до тоа да прифати потполно редефинирање на брачната заедница до тоа што сега се расправа за полиамориј (брак со тројца или повеќе луѓе) и отворени бракови како за потполно легитимна опција?

Верувале или не, тоа почнало со прифаќање на разводите, како што тоа неодамна е истакнато во една одлична статија на LifeSiteNews.com. Кога општеството почнало да ја прифаќа идејата дека бракот не е траен и не е неразрешлив, дека тоа е привремен договор за взаемни погодности и исполнувања, а не трајно соединување на телата и душата, тогаш бил ставен темелот за понатамошна ерозија на бракот, на чија крајност сме денес.

Вистински брак

Во светло на моменталната криза, како ќе го разбереме вистинскиот брак? Што е тој точно? Според Црквата е дефиниран како светотаински сојуз во кој се стапува слободно и кој ги врзува мажот и жената за целиот живот во взаемна корист и потомство. Да бидеме уште попрецизни, Катехизмот го дефинира брачниот сојуз вака:

„Христос Господ го воздигнал женидбениот сојуз со достоинство на света Тајна меѓу крстени, со кој машка личност и женската личност меѓусебно воспоставуваат заедница за целиот живот по својата природа насочени кон доброто на сопрузите и кон раѓање и растење на потомство.“

Бракот светотаински е валиден ако двете страни се крстени и ја даваат својата согласност слободно. На пример, мојата жена и јас не бевме венчани во Католичка Црква. Се венчавме пред да се преобратиме, но и двајцата бевме крстени и двајцата сфативме дека бракот е целоживотна, прокреацијска заедница. Затоа откако се советувавме со свештениците и познавачите на канонското право (сакавме навистина да бидеме сигурни!), се осигуривме дека нашиот брак светотаински е валиден

Постои уште многу што би можело да се каже за тоа, но да сумираме: бракот е животна врска на еден маж и една жена. Низ таа заедница на љубовта доаѓа животот во облик на деца. Кога се живее во својата полнина, бракот е прекрасна слика на плодната љубов на Светото Тројство – првото Свето Семејство.

Сем Гузман |catholicgentleman.net

Превод: Д.И.

За авторот