Молитвен синџир во Петралинци

Молитвен синџир во Петралинци

Со Молебен до Пресвета Богородица во дворот на католичката парохија „Св. Кирил и Методиј“ во Петралинци заврши Мајската побожност, во парохија.

Во месец мај кој е посветен на Пресвета Богородица, во парохијата Св. Кирил и Методиј од Петралинци, семејства направија молитвен синџир, молејќи секој ден, во текот на месец мај до Пресвета Богородица, предавајќи ја Бројаницата од едно на друго семејство.

Исто така во парохијата во текот на месец мај се молеше и Молебен до Пресвета Богородица. Мајската побожност во парохијата заврши со Молебен до Пресвета Богородица во дворот на црквата, кој го предводеше парохот о. Горге Појразов. За време на Молебенот, парохот Појразов одржа и наговор во кој зборуваше за Пресвета Богородица и младите, Пресвета Богородица и старите луѓе, Пресвета Богодица и свештеникот, а меѓу другото тој истакна дека: „Пресвета Дева Марија е модел за сите верници“.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот