Во пресрет на Меѓународниот ден на жената 8 Март, во сабота 7 март 2020 година во парохијата „Свети Кирил и Методиј“ во Петралинци се одржа молитвена средба на жени. На почетокот од средбата парохот о. Горге Појразов ги поздрави сите присутни во црквата и им искажа благодарност за нивното присуство. По поздравниот говор сите присутни заедно молеа Света Бројаница. По Светата Бројаница парохот о. Појразов одржа духовен наговор на тема „Мајчинство и семејство“. Тој во својот наговор истакна дека:„икона на Божјата љубов кон човекот во овој свет е мајчинската љубов и додавајќи дека семејството пак е икона на Црквата“.
Молитвениот дел заврши со молење со Благодарствена молитва по повод јубилејот 90 години Католичка црква во Петралинци. Духовната средба заврши со заедничко дружење во парохиската сала каде се одржа и томбола за 8 Март.
к.мк