Папата Фрањо во четврток 5 март на Твитер објави видео порака со молитвена накана за март 2020: „Единство на христијаните во Кина“
Папата ги охрабрува кинеските католици да бидат „вистински христијани“ и „добри граѓани“ кои ја навестуваат Радосната вест без да западнат во прозелитизам и ги повикува да ,,постигнат единство во поделените католички заедници” во Кина. Светиот Отец исто така ги повикува сите луѓе да молат „Црквата во Кина да ја сочува верноста на Евангелието и да расте во единство”.
Папската светска молитвена мрежа – Апостолат на молитва, која ја востанови Исусовецот Франсоа Ксавиер Гаурелет во 1884 година во Франција, и со видео пораките ги промовира Папските молитвeни накани за соочување со предизвиците на хуманоста.
Ватикан њуз/ к.мк