Во видео порака со молитвената накана за месец април 2023 година, папата Фрањо повика на молитва за ширење на културата на ненасилство, која ќе напредува кога државите и граѓаните сè помалку ќе прибегнуваат кон употреба на оружје.
На 11 април, се навршуваат 60 години од објавувањето на енцикликата Pacem in Terris од свети Иван XXIII. „Војната е лудост, таа е надвор од разумот“ – папата Фрањо ги презема овие зборови на Иван XXIII и ја охрабрува Црквата да моли за поголемо ширење на културата на ненасилство, која ќе напредува со намалување на прибегнувањето кон употреба на оружје, како од државите, така и од граѓаните. Во видео пораката со молитвена накана за април, доверена на целата Католичка црква преку Папската светската молитвена мрежа, Светиот Отец потсетува дека живеењето, зборувањето и дејствувањето без насилство не значи предавање, губење или откажување од нешто.
Според податоците на меѓународната организација Амнести интернешнал, секој ден од огнено оружје се убиваат повеќе од 500 луѓе, а околу 2 илјади се ранети; вкупно 44% од убиствата се извршени со огнено оружје. Таквата состојба е директно поврзана со индустријата за оружје – се посочува во соопштението на Папската светската молитвена мрежа. Имено, секоја година се произведуваат 8 милиони лесно оружје и 15 милијарди парчиња муниција. Единствениот можен начин да се запре оваа ескалација, влошена од кризите во Украина, Азија, Африка и Блискиот Исток, е да се обидеме да започнеме пат на вистински дијалог, на локално и меѓународно ниво, и да го направиме ненасилството како водич. за делување.
Видео пораките на Папата, кои се преведени на 23 јазици и дистрибуирани во 114 земји, се прегледани повеќе од 193 милиони пати од 2016 година на сите ватикански социјални мрежи. Папската светската молитвена мрежа е Папско дело чија мисија е да ги поттикне католиците, преку молитва и делување, за предизвиците на човештвото и посланието на Црквата,
Ватикан њуз/к.мк