Молитва – Едно човечко семејство, храна за сите – во Радово
На повикот на претседателот на Каритас Интернационалис, Неговата Еминенција Оскар Андрез Кардинал Родригез Марадијага, а пренесена од Апостолскиот Егзарх во Македонија монс. д-р Киро Стојанов, во парохиската црква свети Пророк Илија во Радово на 10 декември 2013 година точно во 12 часот се одржа полчасовна молитва за иницијативата: „Едно човечко семејство, храна за сите“.
Молитвата ја предводеше парохот о. д-р Зоран И. Стојанов, со учество на волонтери на Парохиски каритас и верници од парохијата, од сите возрасти. Молитвата во парохијата Радово, за намалување на гладните во светот продолжува.
з.и.с.
Категорија:
Ватикан