Молитвата Ангел Господов само преку видео пренос

Молитвата Ангел Господов само преку видео пренос

По прв пат во историјата молитвата Ангел Господов во недела 8 март 2020 година со Папата ќе биде само преку видео пренос. Говорот на папата Фрањо ќе се снима во Апостолската палата и по пат на повеќе канали ќе биде емитуван во живо, со цел да се намали можноста од зараза на групите кои доаѓаат на ватиканскиот плоштад, посебно при влезните точки.

Со ова Ватикан ги следи мерките на италијанската Влада, која забрани собири на кој не е можно да се има растојание од намалку еден метар од човек до човек.

На истиот начин ќе биде пренесувана и катехезата на Генералната аудиенција следната среда, а папата Фрањо на 15 март светата Литургија од Домот Света Марта ќе ја служи приватно, без учество на верници од надвор. Базиликата Свети Петар и Ватиканските музеи уште се отворени, но драстично е намален бројот на посетители.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот