За време на посетата на заедницата Свети Егидиј во Рим, претседателот на Мозамбик, Филипе Ниуси се осврна на очекувањата на таа африканска заемја од посетата на папата Фрањо.
Од 4 до 10 септември Папата патува во Мозамбик, Мадагаскар и Маурициус, каде ќе ги посети градовите Мапуто, Антананариво и Порт Луис. Во главниот град на Мозамбик, Мапуто Светиот Отец ќе пристигне на 4 септември. Поздравувајќи ја заедницата Свети Егидиј, претседателот ја нарече „куќа на мирот и на Мозамбик“, потсетувајќи дека токму таа заедница од 1990 година ги воделе преговори кои на 4 октомври 1992 година доведоа до потпишување на примирје помеѓу водачите на двете завојувани страни – тогашниот претседател на државата Јоаким Чисан и водачот на герилските групи Ренамо Алфонсо Длакама.
Претседателот на Мозамбик разговара и со основачот на заедницата Свети Егидиј, Андреја Рикарди и нејзиниот претседател Марко Импаглијазо. Тој ги повика новинарите да пишуваат дека заедницата многу значи за Мозамбик. Освен посредувањето во преговорите за национално помирување, претседателот Филипе Ниуси ја спомна и помошта во лекувањето на заболените од ХИВ/СИДА преку програмата Dream, како и бројните проекти на солидарност во корист на населението на Мозамбик. Тој се заблагодари за конкретната близина и солидарност искажана и после разорниот циклон Идаија, кој ги пододи Малави и Зимбаве, а во кој само во Мозамбик загинаа повеќе од 600 лица.
Ватикан њуз/к.мк