Младите од Радово во домот за стари лица „Отворено Срце“ и Казнено-поправната установа „Затвор Струмица“ ја пренесоа божиќна радост

Младите од Радово во домот за стари лица „Отворено Срце“ и Казнено-поправната установа „Затвор Струмица“ ја пренесоа божиќна радост

Под мотото „Божик да допре до секое срце“, младите од парохијата „Свети Пророк Илија“ од Радово заедно со Сестрите Евхаристинки, во соработка со парохот отец Зоран И. Стојанов и капеланите о. Трајче Ташев и о. Илија Стојанов, за време на Божиќниот пост подготвија две приредби со христијанска порака, кои ги прикажаа во парохијата, во домот за стари лица „Отворено Срце“ Струмица и во Казнено-поправната установа „Затвор Струмица“.

На 7 јануари 2022 година во парохијата „Свети Пророк Илија“- Радово, се одржа божиќна приредба подготвена од младите од парохијата, на која покрај големиот број верници, присуствуваше и Н.В.П. монс.д-р Киро Стојанов Скопски бискуп и Струмичко-скопски епарх. Драмата со која младите се претставија носеше наслов „Исус Син Божји’“ со која беше прикажан настанот за Рождеството Христово.

Истата драма претходно младите ја прикажаа и во домот за стари лица „Отворено Срце“ во Струмица на 4 јануари 2022 година и на тој начин ја внесоа божиќната радост меѓу лицата кои престојуваат во домот. Изразувајќи благодарност, персоналот на домот за стари лица како и членовите изразија желба за уште една таква посета во иднина.

На 9 јануари 2022 година, на третиот ден на Божиќ, претставата „Исус Син Божји“ имаа можност да ја проследат и затворениците во  Казнено-поправната установа „Затвор Струмица“. Во струмичкиот затвор, освен пораката за Рождеството Христово која беше пренесена со драмата „Исус Син Божји“, пред затворениците духовно предавање одржа Стефанија Јовановиќ, кандидатка во редот на Сестрите Евхаристинки. Затворениците изразија благодарност и радост.

„Земи го својот крст“ е насловот на втората драма која младите од Радово ја претставија на 31 декември 2021 година во својата парохија, пренесувајќи ја пораката пред верниците, да не срамиме да го носиме и да го прифатиме својот крст.

Еден месец Сестрите Евхаристинки заедно со младите од парохијата „Свети Пророк Илија од Радово“ ги подготвуваа двете претстави „Исус Син Божји“ и „Земи го својот крст“.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот