Било кој ќе побара меѓународна заштита или покажува знаци на здравствени и општествени проблеми или пак ако бил жртва на трговија со луѓе, никогаш не смее да биде притворен со оглед на својот миграциски статус – стои во документот кој е посветен на алтернативните мерки на затворањето на мигрантите, еден од трите документи кој е посветен на миграциските прашања за време на болеста Ковид -19, а кој го издаде Одделот за мигранти и бегалци на Светиот Престол, во рамките на работите на Ватиканската комисија за болеста Ковид-19. Другите два документи се однесуваат на правилникот и пристапот на подрачјата на барателите на меѓународна заштита.
Кога се користи притвор за мигрантите мора да се користи како административна мерка – се истакнува во документот и се наведува: Имено големо мнозинство од меѓународните тела сметаат дека е претерано да се криминализира незаконското влегување и препорачува да се смета за административен прекршок. Во време на пандемија загрижува фактот дека ширењето на вирусот многу порасна и страшно ги намножи предизвиците, слабостите и злоупотребите кои ги карактеризираат притворските центри во светот. (…)
Затоа Оделот за мигранти и бегалци при Дикастеријата за промовирање на интегрален човеков развој препорачува систематско усвојување на алтернативни мерки за притворање на мигрантите кои не смеат да се мешаат со пуштање на слобода со гаранција, со повремено јавување кај властите и електронска нараквица кои понекогаш ја доведуваат во прашање ефикасноста на програмата на забрана на притворот и таму каде што е можно треба да се избегнуваат – се напоменува во документот.
Наместо тоа, потребно е фокусирање на програми за сместување на незаконските мигранти на товар на заедницата – пишува во документот, институционализацијата на различните програми кои се насочени на сместување на нелегалните мигранти во поединечни семејства, во прифатни центри со кои управува заедницата и програми за самоуправување со сместувањето, често гарантираат успех. Очигледно програмите за сместување мора да се сметаат за привремени и мора да бидат насочени кон барање на решение кое води до конечен законски статус на корсникот или нивно враќање во татковината. (…)
Ватикан њуз/к.мк