Мигрантите се „борци на надежта“

Мигрантите се „борци на надежта“

Пасторалната посета на Болоња, папата Фрањо по своја желба ја започна во Регионалниот центар за прифаќање на мигранти, каде го пречекаа околу 1000 мигранти и волонтери кои се грижат за нив.

Папата по своето пристигнување, многумина лично ги поздрави. Со ракување, прегратка, со поздравен збор, со заедничко фотографирање. Го пречекаа и транспаренти со порака „Потребни ни се документи. Помогнете ни.“

Папата на почетокот на својот говор ја искажа својата близина, нагласувајќи дека самиот сакал неговата прва средба во Болоња да биде токму на ова „пристаниште“ за оние кои „понекогаш се неискажливи жртви доаѓаат од далеку.“

„Многумина вас не ве познаваат и се плашат – рече Папата – мислејќи дека им е дозволено, ладно и остро осудување, и веруваат дека добро расудуваат. Но, не е така. Човек го гледа доброто само преку близината на милосрдието. Без таа близина, другиот човек за нас е странец, дури и непријател, и не може да стане мој ближен. Од далеку можеме да гледаме и да мислиме било што сакаме, што се и случува кога на интернет се пишуваат грозни и навредливи зборови. Ако на ближниот гледаме без милосрдие, не сме свесни за неговото страдање и тешкотии. Ако на ближниот гледаме без милосрдие во опасност сме дека и Бог нас нè гледа без милосрие. Денес гледам само голема желба за пријателство и помош. Би сакал да им се заблагодарам на институциите и на сите волонтери заради вниманието и ангажираноста во грижата за сите вас овде. Во вас Го гледам, како и во секој странец кој чука на нашата врата, Исус Христос кој секогаш се поистоветува со секој странец, било прифатен или одбиен (Мт 25, 35. 43)

„Феноменот миграција“ – продолжи Светиот Отец – „бара јасна визија и голема одлучност, разбирање и соодветни структури, јасни механизми кои нема да дозволат искористување или злоупотреба на сиромашните. Уверен сум дека е потребно повеќе држави да усвојат индивидуални и заеднички програми за прифаќање и да отворат хуманитарни коридори за бегалците во најтешки ситуации, за да се избегне неподносливо чекање и излузорно губење на време.“

„Вклучувањето во општеството започнува со запознавање. Контактот со другите доведува до откривање на „тајните“ кои секој ги носи со себе, и дарот кој тој го претставува, и можеме да му се отвориме прифаќајќи го она што вреди, учејќи да го сакаме тој човек, победувајќи го стравот, помагајќи за вклучување во новата заедница. Секој од нас има своја приказна. А таа приказна е нешто свето, мораме да ја почитуваме, прифатиме и примиме и да помогнеме да се оди напред. Некои од вас се малолетни: на овие момчиња и девојки посебно им е потребна нежност и имаат право на заштита, по пат на привремено старателство или чување. (…)

„Знаете ли што сте вие? Вие сте „борци на надежта.“ Некои од вас не успеале до овде, затоа што ги проголтала пустината или морето. Луѓето не се сеќаваат, но Бог ги познава нивните имиња и ги прима во својата близина. Да се сетиме во момент на тешина и молитва за нив.“

По моментот на тишина и молитва, Папата продолжи: „Вие, борци на надежта: за вас сакам надежта да не стане разочарување или очај, благодарение на многумина кои ви помагаат да не се загубите. Во своето срце сакам да го носам вашиот страв, тешкотиите, ризиците, несигурностите… и овие натписи „помогни ни да добиеме документи;“ луѓето кои ги сакате, кои ви се драги и заради кои сте тргнале во потрга за иднината. Ако вас ве носиме во очите и во срцата полесно ќе работиме на градење на отворен град кој знае да создаде еднакви можности за секој. Затоа ве повикувам да бидете отворени за културата на овој град, подговтвени за почитување на законите на ова држава.

„Црквата е мајка која еднакво го сака секој човек како Божји син, на Негова слика. Болоња отсекогаш е позната по прифаќањето што се повотрува по солидарноста, прифаќањето во парохиите и религиозните институции, но и во многу семејства и општетсвени организации. Некој пронашол нов брат на кој му е потребна помош или син на кој ќе му помогне да порасне. Некој пронашол и нови родители со заедничката желба за подобра иднина. Би сакал таквите искуства да бидат бројни. Нека градот не се плаши да дарува пет леба и две риби: провидноста ќе го направи своето и сите ќе бидат наистени.“

Болоња е прв град во Европа кој пред 760 години ги ослободил слугите од ропство. Биле многу, точно 5855. Но, Болоња не се плашела. Ги откупил градот. Можеби тоа го направиле и заради економски причини, бидејќи слободата е од корист и им помага на сите. Не се плашеле да ги прифатат обесправените и да ги признаат како луѓе. Напишале една книга со името на секој од нив. Бидејќи сакам и вашите имиња да бидат напишани и запаметени, за да заедно ја пронајдеме, токму како и во тоа време, заедничката иднина. Ви благодарам од срце, ве благословувам и ве молам да се молете за мене.“

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот