Мајската побожност, односно чествувањето на Пресвета Богородица во текот на месец мај е стара традиција на Црквата, која потекнува од средниот век.
Станува збор за народна побожност, која настанала така што народот донесувал на Богородица букети цвеќиња и венци со свежо цвеќе, така што на тој начин статуити и иконите на уште поубав начин се украсувале. При тоа се пееле песни и се молеле молитви до Богородица, а најмногу Света Бројаница.
Со тек на времето оваа побожност се вкоренува во целата Црква и претставува еден многу сакан облик на побожност кон небесната Мајка.
Обично побожноста е за време на Вечерните Литургии, молејќи света Бројаница, Литанија, Молебен до Пресвета Богородица, Обожавање на Пресветата Причест.
„Во суштина, тоа е месец во кој христијаните во храмовите и во своите семејни домови поревно и посрдечно ги воздигнуваат своите молитви и побожности до Марија. Тоа воедно е и месец во кој повеќе и пообилно ќе слезат на нас даровите на Божјото милосрдие“ (папата Павле VI.).
Исто така и Исус од Крстот рече: „Ево ти Мајка!“ Во својата љубов секогаш мисли на нас, а ние благодарни деца Божји, ја следиме Марија како не би залутале по патот на овоземскиот живот.
Молејќи ја побожноста воедно се поврзуваме и соединуваме во молитвите и со Христос, кој е центар на секоја молитва. И во овој месец мај нашите молитви нека бидат изобилни.
Лаудато/к.мк