„Мајката на заборавените“ од Пакистан почина од Ковид-19

„Мајката на заборавените“ од Пакистан почина од Ковид-19

Сестра Рут Левис која целиот свој живот го посвети на децата со ментални и телесни потешкотии почина во Карачи од Ковид-19 на возраст од 77 години.

Сестрата од дружбата Фрањевски мисионерки на Христос Цар учествуваше во февруари 1969 година во основањето на домот „Дар ул Сукун“ за лица со ментални и телесни потешкотии. Повеќе од 51 година сестра Рут беше мајка на деца кои ги напуштиле нивните семејства. Покажа иста посветеност и грижа за 150 лица кои најдоа засолниште во домот кога избувна пандемијата со коронавирусот.

Најмалку 21 дете од домот било позитивно на Ковид-19, но сестра Рут не се откажа од грижата за оние во најголема потреба. И самата се заразила од болеста и на 8 јули е сместена во болницата „Ага Кан“ каде е ставена на респиратор. Сестра Рут починала во болницата на 20 јули. Имаше 77 години.

Вработените во домот „Дар ул Сукун“ со кој сестра Рут управуваше од 2000 година изразија тага заради нејзината смрт преку социјалната мрежа Фејсбук. „Сите наши деца, момахињите и персоналот се со скршени срце“, порачаа „затоа што загубивме голем дел од нас. Ве молиме молете се за децата на кои им беше мајка, за чесните сестри на кои им беше сестра и вистинско вдахновение како и за целиот персонал кој ја сака и кој секој ден настојува да оди по нејзините стапки.“ „Беше слика на љубовта, грижата и вистинското сочувствување“, пишува во пораката.

Ќерката на поранешната пакистанска премиерка Беназир Буто и на поранешниот пакистански претседател Асифа Али Зардарика, Асефа Буто Зардари изјави дека со смртта на сестра Рут „Пакистан загуби големо богатство“ и дека „нејзината долгогодишна посветена работа со децата во домот „Дар ул Сукун“ ќе остане во трајно сеќавање.“

Гувернерот на провинцијата Синд чиј главен град е Карачи ја нарече сестра Рут „вистинско вдахновение“, „Карачи секогаш ќе се сеќава на нејзиното несебично служење на децата со потешкотии во развојот и на децата и старите лица турнати на работ на општеството,“ рече гувернерот Имран Исмаил.

Ика/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот