Кардинал Пијат го повика населението на Маурициус да се ангажираат и да спречат еколошка катастрофа
Откако од јапонскиот танкер Вакашио на 25 јули истекоа повеќе од 100 тони нафта во близина на Маурициус, бискупот на главниот град Порт Луис, кардинал Маурице Пијат порача на своите сонародници дека не смеат да се двоумат за да помогнат на својата земја, истакнувајќи ја опасноста која се заканува на нивните природни богатства. Овие денови илјадници волонтери се ангажираат во чистењето на морето и бреговите обидувајќи се да спречат еколошка катастрофа.
Ватикан њуз/к.мк