Директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол во четврток попладне 29 декември 2022 година извести за клиничката состојба на Бенедикт XVI, кој „синоќа успеа добро да се одмори“. Општата состојба останува стабилна
Почесниот Папа синоќа успеа добро да се одмори, и е целосно свесен и буден – изјави директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Матео Бруни одговарајќи на новинарски прашања. Иако неговата состојба е сѐ уште сериозна – додаде тој – моментално е стабилен. Бруни исто така истакна дека папата Фрањо повторно повикува на молитва за почесниот Папа и да го придружуваме во овие тешки моменти.
Загриженоста за здравјето на Бенедикт XVI започна во средата кога, на крајот од Геенралната аудиенција, папата Фрањо ги поттикна верниците да се молат за неговиот 95-годишен претходник, за кој рече дека е тешко болен. Тоа го потврди и директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Матео Бруни, кој одговарајќи на новинарски прашања рече: „Во однос на здравствената состојба на почесниот Папа, за кого папата Фрањо на крајот од Генералната аудиенција поттикна на молитва, можам да потврдам дека се влоши во последните неколку часа поради неговата напредна возраст. Состојбата во моментов е под контрола, а лекарите постојано го следат“. На крајот од Генералната аудиенција – додаде Бруни – папата Фрањо отиде да го посети Бенедикт XVI во манастирот Mater Ecclesiae. Се придружуваме во молитвата за почесниот Папа.
Ватикан њуз/к.мк