Мамберти: Кардиналската служба е учество во Христовата љубов

Доминик Мамберти, новоименуван кардинал, по церемонијата „именување нови кардинали“, заблагодарувајќи се за новата служба во Црквата и ветувајќи лојалност во истата, образложи што значи да се биде кардинал и која е неговата мисија.

По повод вчерашната церемонија, раководителот на Апостолската сињатура, Доминик Мамберти – еден од новие кардинали – изрази благодарност и вети лојалност и великодушност во служба на Црквата. Да се биде  кардинал – потсетувајќи на зборовите на Папата– пред сѐ значи да се помага, да се дава поддршка и да се биде близок на Папата, за доброто на Црквата.

Црвената боја потсетува дека Господ нѐ повикува нас да учествуваме во неговата љубов, сѐ до смртта на крст – истакна кардиналот Мамберти, додавајќи дека ако им се пружа некоја чест, тогаш тоа е честа на целосното соединување со Исус и учеството во неговата жртва. Во оваа длабока иденификација со Христос лежи основата на одговорноста на која сме повикани и на понизноо служење кое, сѐ до пролевањето на крв, сакаме да ја извршуваме за спасение на душите и за доброто на Божјиот народ – рече новиот кардинал.

Да се биде дел од Колегиумот на кардинали значи да се биде на одреден начин дел од Римската Црква, која „преседава во љубовта“. Додека пак да припаѓаш на Римската Црква значи да се служи за заедништво на универзалната Црква –рече понатаму кардиналот Мамберти, ветувајќи лојалност и искрена соработка и поддршка од Господ во доверената мисија за водење на Црквата и за потврдување на баќата во верата.

РВ/З.А.

Категорија: Ватикан

За авторот