Македонски Каритас помага на бегалците
На 19 јуни 2015 година вработените во Македонски Каритас го посетија Куманово и пред џамијата заедно со верниците католици од Куманово делеа храна, облека и обувки на бегалците кои се претежно од Сирија и Ирак, а кои се обидуваат да стигнат до земјите од Европската унија.
За Католи.мк директорот на Македонски Каритас, монс. Антун Циримотиќ изјави: „Македонски Каритас помага на луѓето во потреба, без разлика на нивната национална и верска припадност. Принципот на нашето делување е Христовата заповед на љубов кон Бог и ближниот. Евангелието нѐ учи дека секој човек е наш ближен и во тој дух Каритас ја дава својата помош за бегалците.
к.мк/д.Д.Т.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија:
Македонија
За авторот
Слични написи

Епископот Стојанов на празникот Марија од Назарет: „Мајка Божја нема да дозволи оваа побожност да исчезне“

Поздравен говор на бискупот Стојанов на почетокот на светата Евхаристија за света Мајка Тереза на плоштадот Македонија во Скопје
