Говор на Отец д-р Зоран И. Стојанов, декан на Деканатот Светите Кирил и Методиј, на Свечената Академија по повод инаугурацијата на Македонската католичка епархија Струмица-Скопје и интронизацијата на Првиот епархиски епископ Н.В.П. д-р Киро Стојанов во Струмица 01 декември 2018
Во развојот на последните 159 години, од Кукушката унија до денес Католичката црква од византиски обред во Македонија има поминато многу статуси и правни форми до конечното оформување во 2018 година. Како Црква која сега не само de facto, како што беше до 2001 година, туку и de iure е Ecclesia sui iuris и ѐ дел од дваесет и трите Источни Цркви кои се сеставен дел од Католичката (Сеопшта) Црква, под водство на Христовиот намесник на земјата и Петров наследник, Светиот Отец Папа[1]. Со сопствена институција Епархија „Успение на Пресвета Богородица“ Струмица-Скопје. Под водство на свој епископ.
Католичката црква во Македонија е трета верска заедница по бројност. Во склопот на која влегуваат верниците христијани од два обреда – Источен (византиски или македонски) и Западен (латински или римски). Се повеќе свештенството и верниците во Македонија стануваат свесни на Исусовиот повик: „Одете и научете ги сите народи, крштавајќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, и учејќи ги да пазат сè што сум ви заповедал; и ете, Јас сум со вас преку сите дни до свршетокот на светот.” Тоа се зборови на Главата на Црквата – Исус Воскреснатиот, кој ќе рече: „Ми се даде секаква власт на небото и на земјата“ (Мт.28,19-20). Оттука и храброста на мала католичка заедница во Македонија одважно да сведочи дека како Црква ни е важен човекот, зашто е личност, од своето зачнување до денот кога ќе треба да се представи пред Семоќниот Создател.
Не се занесуваме и тоа не го зборуваме затоа што не сме свесни колку сме. Знаеме дека на број сме малку, но, Католичката Црква во Македонија, своите верници не ги гледа како бројка. Чевекот не може и не смее да се третира како бројка, туку како личност во сето свое битие со душа и тело. Тоа е моментот кој не прави храбри и важни, зашто Исус вели: Не бој се, мало стадо! Зашто волјата на вашиот Отец е вам да ви го даде царството“.(Лк.12,32)
Следната 2019 година се навршуваат 160 години од како Македонците од јужните делови на Македонија од Солун, Кукуш, Сер, Ениџе-Вардар (Пазар), Гевгелија… го официјализираат враќањето во единство на црковно поле со Римскиот епископ. Овој важен историски настан е познат како КУКУШКА УНИЈА. Во почетокот тоа било нарекувано како соединување на Кукуш и Солун.
Од 1859 кога е остварено враќањето на Македонците во единство со Рим до 1913 делот покрај Егејско море, градовите со своите околини се приклучуваат кон Католичката црква, тој процес на присоединување се развивал и кон север и стигнал до Демир Капија, со поединечни движења и во другите делови на Македонија, како во Прилеп, Битола, Скопје, Берово, Струмица.
Враќањето на Македонците во полно единство со Рим, предизвикало страв кај соседните народи, кои правеле се да го сопрат, но фактот дека во католичките храмови се служело на разбирлив јазик и се проповедало на македонски јазик будело симпатии во народот. Во училиштата кои ги водела Католичката црква наставата се изведувала на народен (македонски) јазик, бројот на запишани деца кои се школувале значително се зголемил. Tоа ги поместува параметрите со кои бил гледан македонскиот народ од страна на соседите кои во тоа време биле автономни, некои од нив веќе меѓународно признати држави, а некои чекале признавање, Македонија (во целокупната своја територија) сеуште била во склопот на Отоманското царство. Соседните нации се плашеле дека Католичката црква со своето однесување може да ги оддели Македонците од туѓите влијанија. Грците, Бугарите и Србите се однесувале како да полагаат право на сопственост врз поробениот народ. Во втората половина на XIX век напредокот во јужна Македонија станал евидентен на духовно, обарозовно и економско поле. Гледано од аспект на соседите тоа претставувало опасност за нив.
Ниту денес не можам, а да не ја спомнам кобната 1913 година и Втората балканска војна која завршила со Букурешкиот договор. Денеска после 105 години од тој датум може да се констатира дека тоа е еден од најнечовечките договори, зашто во Букуреш, присутните на тој така наречен “Мировен договор”, направиле сé да го оправдат геноцидот врз Македонците во егејска Македонија, каде добар процент од населението биле католици. Македонија е распарчена и поробена од четирите соседни држави Грција, Србија, Бугарија и Албанија.
Istoriski gledano e ~isto ~udo kako voop[to uspeale da ostanat katolici pokraj site te[kotii, ropstva, poni`uvawa, negirawa, ubijstva. No ma~eni[tvoto stvorilo silna i verna grupa vernici koi sekade go nosat svojot identitet na dobri hristijani.
Актуелен ординариј е струмичко – скопскиот епископ Киро Стојанов, кој е и скопски бискуп. Епископот Стојанов од 2005 до 2018 година ја водеше католичката заедница од византиски обред како Апостолски егзарх. Тој е седумнаесети поглавар на Црквата во Македонија.
Македнија, црковно никогаш не ги прекинала односите со Римскиот епископ, политичкиот развој на историјата на големо влијаел и на црковното поле, па отука денес Македонија се наоѓа во склопот на “Православието“.
Во 1767 година турскиот султан (Мустафа III) ја укинал автокефалноста на офридската архиепископија и ја потчинил под јуриздикција на цариградскиот патријарх. Тогаш насилно, биле прекинати односите со Рим, а не по желба на хиерархијата и верниците. До обновување на односите дошло до 23 јули 1859 година во јужните делови на Македонија поточно во Кукуш, Солун, Пазар и Гевгелија. Историскиот развој на Црквата во Македонија гледано од 1859 година до денес може да се подели во 7 значајни периоди.
Првиот е:
- Почеток и развој на Македонската Католичка Црква (1859-1883)
- Во рамките на мисионерските права – Солунската мисија на Отците Лазаристи
- Кукушкото Соединување на чело со Архиепископ Јосиф Соколски до 1861 година.
- Апостолска администратура со Рафаил Попов како апостолски администратор
- Нил Изворов – администратор и архиепископ
- Македонски Апостолски Викаријат (1883-1913)
Лазар Младенов прв апостолски викар
- Конгрегацијата на Сестри Евхаристинки1889 година
- Настојувањата на Скопскиот митрополит Теодосие (Гологанов) за соединување со Католичката Црква
- Премин на епископот Младенов во православие и неговото враќање во крилото на Католичката Црква
Епифание Шанов – Апостолски викар во Македонија
- Прогласувањето на црквата „Мајка Божја Утешителка“ во Паљурци за Поклонички храм и потикнувањето на редовно ходочествување во Паљурци како Национелен поклонички центар од страна на епископот Епифаниј Шанов во 1908 година
- Посветувањето на Македонскиот народ под заштита на Мајка Божја Утешителка на 25 октомври 1908 година во Паљурци
- Кобната 1913 година
- Македонската Католичка црква меѓу двете Светски војни до 1945
Католиците Македонци привремено поверени под грижа на латинскиот архиепископ во Скопје 1915-1923
- Католиците Македонци од 26 октомври 1923 г. во рамките на Крижевската епархија
- Македонски Деканат – Св. Кирил и Методиј основан на 28 јуни 1924 година
Македонска Католичка Лига – основана на 12 јули 1922 година
- Католички свештеници – не македонци по националност
- Под јурисдикција на Апостолскиот егзархат во Софија (1941 – 1945)
- Македонската Католичка црква повторно во рамките на Крижевачката епархија
- Архиерејско намесништво од 01 септември 1954 година
- Апостолски визитатор од 03 јули1972 година
- Провинција на Сестрите Евхаристинки ОД 1974 ГОДИНА
- АПОСТОЛСКИОТ ЕГЗАРХАТ 2001 ГОДИНА
- Катедрална Црква во Струмица
- Прогласени 4 нови парохии
- Целосно обновена и посветена Поклоничката црква на Чуката во Паљурци
- Изградени 8 нови храмови и нов Ординаријат
- 11 нови свештенички ракополагања
- КАТОЛИЧКА ЕПАРХИЈА
„УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГРОДИЦА“ СТРУМИЦА – СКОПЈЕ 2018 година
Сакам да завршам со една за мене реална ситуација на Католичката Црква во Македонија: Убеден сум дека во овој момент можеме да кажеме имаме иднина, зашто имаме сегашност, благодарение на заслугите на оние кои посеале плодно семе преку светото Евангелие во минатото.