Магдалена Горник – словенска мистичарка која 47 години живее без храна
Живеела без земска храна, ги имала на себе Христовите рани и на Бог му пренесувала надомест за сите навреди кои му се нанесуваат.
Родена е во 1835 година во сиромашно семејство на фармери во селото Јанеж, околу 50 километри од Љубљана. Нејзините родители биле побожни католици и ги воспитале своите седум деца во духот на верата. Магдалена била сосема обична селска девојка која им помагала на своите родители и уживала дружејќи се со своите пријатели и пријателки.
Пролетта 1847 година нејзиниот живот се променил. Тогаш имала 12 години, а Бог веќе на посебен начин и се објавил. Имала видение на Мајка Божја додека одела кон полето да и помага на мајка и. Нашата Мајка и се укажала како скромна селанка, прашувајќи ја на кого ја посветила својата работа и дали Го сака Исус. Магдалена одговорила дека својата работа ја понудила на Исус и дека Исус најдобро знае дали таа Го сака. Таа не ја препознала жената и мислела дека е обичен земјоделец, а била облечена во облека препознатлива за тој крај. Жената тогаш се покажала како Исусова Мајка и Мајка на сите луѓе. Укажала на својата намера, да ја поучи Магдалена на кого да ја прикажува својата работа. И порачала да го сака Исус сѐ посилно и посилно.И кажала дека треба да му се заблагодари на Бог за целата Негова љубезност и да му ја понуди својата работа Нему. Видението навистина го допрело срцето на Магдалена. Од тогаш таа се молела со повеќе жар и подобро се подготвувала за света Причест.
Магдалена таа година ја примила и Првата света Причест и била блогословена со локуции на внатрешните објави Христови, Кој и кажал да не им зборува на другите за силна љубов кон светата Причест која и е дадена. Како што растела во побожноста нејзиното срце станувало сѐ повеќе вљубено во Христос. Но, во текот на постот за Божиќ во 1847 година Магдалена многу се разболела. До јануари 1848 година здравјето многу и се влошило што морала постојано да биде во кревет. Поднесувала ужасни болки со невообичаена трпеливост – без водишки и жалење и без никаков друг знак на неволност. Никаков лек не и помогнал. Болката со времето растела и најлошо станало во август 1848 година. Нозете и биле парализирани.
Во август 1848 година Магдалена ја имала втората визија на Блажена Дева Марија, разбудувајќи се откако се онесвестила од болки. Ја видела Мајката како ја гледа, бледа и тажна, но исто така и блага. Нашата Богородица и кажала, ако мора нешто да издржи тоа нека биде трпеливо за целата болка да му ја понуди на Бог и дека во тоа време треба да мисли на Исусовата болка. Треба целосно да му верува на Исус – од Него ќе прими сè.
„Ти во иднина ќе примаш храна од Бог; нема повеќе да чувствуваш глад и жед“ – и кажала Богородица.
После ова визија Магдалена речиси целосна била излекувана – но, нозете и понатаму и останале парализирани.
11 август 1848 година бил првиот ден од мистичните екстази на Магдалена. Била пренесена во духот на темен, стрмен, тесен и трновит пат. Слушнала глас: „Ако сакаш да дојдеш ви Рајот мораш да поминеш по овој пат.“ Одговорила: „Со задоволство ќе дојдам по тој пат!“ Од 24 август понатаму доживувала верски занеси, екстази, објави и виденија речиси секој ден сѐ до својата смрт 1896 година. Нејзината духовна мисија била да трпи покора за гревовите и да повикува на покајување и обраќање. Од 25 септември до својата смрт Магдалена не вкусила никаква земска храна, освен капки вода. Нејзината единствена храна била светата Евхаристија и мистичната храна која ја примала во текот на екстазите. Во средата пред почетокот на постот за Божиќ во 1848 година Магдалена добила и стигми.
Помеѓу 1848 и 1853 година бројни мистични феномени ги надополнувале визијата и занесите на Магдалена, докажувајќи дека Бог зборува преку неа. Во текот на своите екстази ги повикувала сите на преобраќање и покора за надомест на сите гревови. Исто така зборувала и за казната која доаѓа, ако не се случи преобраќање.
Во тоа време световните власти и некои свештеници го валкале нејзиното име и ја обвинувале кај епископите и пишувале за неа во весниците. Антон А. Волф љубљански епископ ја бранел од световните власти, бидејќи бил уверен во нејзината невиност и во нејзината искрена побожност. Од 2 март до 11 април 1852 година спроведена е истрага од страна на црковните власти во парохијата Содражица. Тамошниот парох Лесјак и паросите на блиските парохии биле во шок и неверување во врска со целата работа, бидејќи биле уверени во автентичноста на мистичните доживувања и феноменот на Магдалена.
На 9 април 1855 година Бог ги излекувал нозете на Магдалена после 7 години и таа повторно одела. Меѓутоа во една визија Исус и рекол дека, иако е оздравена нема да биде без страдање во овој свет. Во 1867 година парохот на парохијата Фара близу Блоке, Јанез Капленек прифатил Магдалена и две други сестри (Аполонија и Марија) да работат во парохискиот двор. Магдалена живеела таму сѐ до смртта на отец Капленек 1893 година. Во текот на тој период продолжиле нејзините визии и екстази. Световните власти и предизвикале многу страдање, бидејќи ја прогонувале во првите 6 години од нејзиниот живот во Блоке. Освен тоа, клеветите на луѓе придонеле за уште потешки страдања. Истовремено многу образовани луѓе меѓу кои и црковни и световни достоинственици сведочеле за нејзините мистични занеси и трпењето на Христовите маки, особено во текот на Страсната седмица. Францис Лампе познат словенски филозоф, теолог и писател негувал блиско пријателство со Магдалена за време на целиот негов живот.
По смртта на отец Капленек Магдалена и другите две сестри се преселиле назад во Гора близу Содражица. Живееле заедно во селото Петринци, каде што продолжила да живее без храна, трпејќи заедно со Христос. Како што и порано било случај многу луѓе со секакви желби и намери доаѓале таму за да ја видат.
Во текот на годините во своите верски занеси на Магдалена во неколку наврати Мајка Божја и Исус и кажале дека духовните дарови и се подарени заради обраќање на душите и за надомест на гревовите. Исто така спознала дека без преобраќање луѓето ќе доживеат многу страдања. Нејзината задача била да ги повикува луѓето на преобраќање и да ги предупредува на последиците од истрајноста во гревот.
Во текот на својот живот била активна во заедницата како и во Црквата. Била селска учителка во основното училиште и работела како духовна советничка. Пред крајот на животот била болна и пред смртта една од сестрите изразила грижа со оглед на веројатноста дека многу луѓе ќе дојдат на нејзиниот погреб, бидејќи немале материјални добра за сè да се погрижи. Магдалена на тоа одговорила: „Биди во мир сестро, затоа што нашиот сакан Бог ќе се погрижи за сè.“
Нејзината света смрт
Умрела на 23 февруари 1896 година на Првата недела од постот на возраст од 60 години од туберкулоза (барем така изгледало). Сестра и тоа попладне ја негувала и сакала да остане со неа, но Магдалена и рекла дека не мора, туку подобро да оди да се одмори и дека Исус и Марија ќе се погрижат за неа. На денот на погребот на 26 февруари се покажало вистинско тврдењето на Магдалена – толку силно паѓал снег што на погребот присуствувале само неколку локални жители.
Во Словенија многу поклоници го посетуваат нејзиниот гроб и молат за нејзино застапување. До сега постојат извештаи за обединување и помирување на разделени семејства, лекување на болести, лекување од алкохолизам и луѓе кои со заговорот на Магдалена пронашле работа и постигнале успех во училиштето. Љубљанскиот епископ (1968-1991) Станислав Лениќ изјавил дека Магдалена предвидела дека уште шест генерации по нејзината смрт ќе се случуваат чуда преку нејзиното застапување.
Антон Стрес љубљански надбискуп (2010-2013) започнал процес за препознавање на нејзината светост.
Мистични феномени во животот на Магдален Горник
Сите настани се архивирани и документирани и до ден денешен се чуваат. Првите екстази на Магдалена се случиле додека уште била девојче на 13 години. Од 24 август 1848 година сѐ до смртта доживевала занеси секој ден понекогаш и повеќе пати на ден. Нејзините занеси во петок траеле по три часа, а посебно биле изворедни оние во Страсната седмица. Во текот на светата Литургија исто така запаѓала во занеси и екстази, но секогаш знаела кога свештеникот носи света Евхаристија близу до неа. бидејќи се свртувала во таа насока и клекнувала, иако физички не го гледала свештеникот. Трпела во текот на занесите и ѝ се отворале стигмите, а на надворешни допири останувала целосно бесчувствителна.
Содржината на нејзините визии била многу различна. Имала визии целиот свој живот, дури и пред смртта. Во визиите гледала ангели и разговарала со нив, со Блажена Дева Марија, со Пресветото Тројство и некои светци. Ангелите најчесто и давале упатства посебно во врска со побожности кон Мајка Божја и Бог, често плачејќи заради неверниците. Ја видела Мајка Божја како посредува кај Својот Син за човештвото.
Многу често особено во петок во текот на постот Магдалена имала визии за Исусовата Мака и Последната вечера. Исто така на Велигден го сведочела Неговото воскресение и Вознесение на небото.
Примила и мистична света Причест, освен редовната причест на Литургијата. Таков дар имаат добиено само некои светци. Ја примала обично во текот на занес. Понекогаш самиот Исус ја причестувал или светци кои биле свештеници или ангели. Повеќе од илјада луѓе во текот на нејзиниот живот сведочеле дека светата „Хостија“ знаела во текот на некоја екстаза „од никаде“ само да се појави во нејзините усни, знаеле да видат и необична чаша и таа да пие од неа. Многу свештеници го виделе тоа чудо со свои очи. Магдалена секогаш заблагодарувала на светата Причест. После тоа уште поревносно ги повикувала присутните на покора.
Феноменот на левитација се манифестирал кога Магдалена вршела подготовка за света Причест и срдечно ја исчекувала. Тогаш заради така силната желба да се сретне со живиот Христос нејзиното тело било одвоено од земјата во воздухот.
Стигмите ги носела 7 полни години и тоа на рацете, нозете и на страната. После тоа и останала само раната на страната, која останала присутна целиот нејзин живот. Кога во своите визии ја примала трновата круна на главата, на нејзината глава се појавувале отворени рани кои крварат. Крвта обилно течела по лицето. Во текот на Страсната седмица крварела толку многу од раните што целата облека можела да биде потполно натопена со крв. Стигмите и предизвикувале големи стрдања, но никогаш Магдалена на ништо не се пожалила. Целосно се препуштила на Божјата волја. Лекари и свештеници ги истражувале овие мистични феномени и сите потврдиле натприроден извор на истите. Освен тоа 47 години не јадела никаква храна освен света Причест и мистична небесна храна која ја примала во текот на екстазите кои ги виделе многу сведоци. И покрај тоа сите работи и обврски лесно ги извршувала. Во визија и е речено дека ќе прима небесна храна за луѓето да видат дека Бог навистина зборува преку неа. Посебно необично чудо е малиот крст кој го примила во текот на екстаза и кој ѝ останувал на градите во текот на цела ноќ, со ништо врзан или држан. Свештениците знаеле да го допрат чудесното распетие, да го бакнат, а еден дури и му пишувал за тоа на епископот. Имала и дарови на зборување на јазици, толкување на јазици и читање на срца.
Битно.нет/Кристина Д./к.мк/Д.И.