Лого, икона и молитва за Светската средба на семејствата Филаделфија 2015
За време на вечерната молитва на 7 септември, служена во катедралата на Филаделфија „Свети Петар и Павле“, архиепископот на градот монсињор Чарлс Чапел, го претстави логото и молитвата за претстојната Светска средба на семејствата, која ќе се одржи во овој американскиот град во 2015 година на тема „Љубовта е нашата мисија: семејството исполнето со живот“.
Една година пред долго очекуваниот настан во американската бискупијапродолжуваат подготовките за средбата во соработка со Папскиот совет за семејството. Следната недела монсињор Чапел ќе се сретне со раководителите на ватиканскиотсовет. „Молитвата и логото на средбата нè инспирира во подготовките за настанот“, посочи монсињор Чапел во размислувањето на Вечерната молитва. „Целта е да се збогати и поврати енергијата на духовниот живот на католичките и некатолическите семејства, а логото и молитвата да ни помогнат да ја продлабочиме врската со Бог и нашите семејства“.
Молитвата има за цел да им помогне на претставниците од целиот свет во нивните подготовки за средбата. Таа е распространета на сите парохии и достапна преку интернет страната www.worldmeeting2015.org, и е на 18 јазици меѓу кои и знаковниот јазик. Молитвата е замислена со цел да биде диригент на вера и надеж за семејствата. Оттука и повикот на архиепископот на Филаделфија да биде молена секој ден за успехот на претстојниот настан. Што се однесува до иконата-логото, станува збор за религиозно уметничко дело, чија цел е да ги охрабри како за размислување, така и молитвата. Уметникот Нелсон Карлин го наслика Светото Семејство со Марија, Јосиф и Исус детее, заедно со родителите на Дева Марија, Јоаким и Ана.
РВ/В.Н.