Литванија: Успех за заштитниците на животот

 Вилнус, 31.5.2013 /к.мк/ –  Парламентот на Литванија донесе закон со кој во голема мера се забранува абортусот. Медиумите во Литванија минатата среда јавија дека парламентот на Литванија го донесе предлог законот во прво читање со 46 гласа за, 19 против, додека 25 пратеници беа воздржани.

Според ова убивањето на неродени деца во иднина ќе биде дозволено само при опасност за здравјето на мајката или по животот на мајката како и при силување. Досега во Литванија можеше да се изврши абортус до 12 недела без никакви ограничувања.

Нацрт законот е по иницијатива на „Акцијата на Полјаците во Литванија“, најмала партија во власта. Конечната одлука за законот треба да се донесе на есен.

Во оваа земја со 3 милиони жители бројот на регистрирани абортуси е во постојано опаѓање: од 16.259 абортуси во 2000 година бројот на абортуси опадна во 2011 година на 6.205. Според податоците на државниот завод за статистика на 100 раѓања доаѓаат 21.5 абортуси. Од 1000 жени на возраст од 15 до 49 година, 7.8 жени имаат извршено абортус.

Обидите во минатото да се донесат мерки за ограничување на абортусто досега секогаш беа неуспешни.

Категорија: Свет

За авторот

Write a Comment

<