Левандовски: Не се срамам од Исус и својата вера

Ќе го носам овој медалјон затоа што сум католик и не се срамам од Исус и својата вера. Сигурен сум дека Господ Бог е со мене и дека бдее над мене во сè што правам”, рече Левандоvски, напаѓач на германскиот клуб Борусија Дортмунд кој на синоќешниот натпревар со шпанскиот гигант Реал Мадрид постигна четири гола.

Видеото е објавено како дел од голема медиумска кампања „Не се срамам од Исус” која е во организација на здружение на млади католици во склоп на која се дели медалјон со крст. Целата кампања има за цел да се развие кај младите луѓе чувството на гордост што се верници и да поттикнат дела на христијанска милост во нивните животи, а во неа учествуваат цела низа на познати од полскиот општествен и културен живот кои се согласија да го носат медалјонот и да сведочат за својата вера во видео – записите.

„Во денешниот свет живееме со забрзано темпо и често се случува да заборавиме на оние вредности кои за нас се најважни. Затоа мојата вера не ми помага само на теренот, туку и да бидам подобар човек и да правам што помалку грешки во животот,” појасни полскиот фудбалер.

Освен него во акцијата „Не се срамам од Исус” учествува капетанот на фудбалерскиот тим Јаков Блашчиковски. Истовремено, сликата на голманот на полската репрезентација Прземислав Титон веќе го обиколи целиот свет на која неколку минути пред да го одбрани пеналот против Грција е прикажан како се моли

На натпреварот со кој е отворен Европското првенство 2012 стандардниот голман Бојшчек Шчесни доби црвен картон, па Титон потполно незагреан мораше да брани пенал.

“Како се брани таков пенал? Незнам , малку се чуствував како да сонувам кога ми се укажа оваа прилика. Му се заблагодарувам на Бог што успеав да го одбранам”, рече после натпреварот Титон.

Б.У

 

Категорија: Свет

За авторот

Write a Comment

<