Крстен пат на планината Водно

Крстен пат на планината Водно

Во саботата, на 24 март 2018 по 4. пат традиционално се одржа Крстен пат на Водно (Скопје), размислување за маката Господова и молење на Света Бројаница, кој го организираа младите од Скопската парохија „Пресвето Срце Исосово“ предводени од монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија.

Зимската идила и свежиот воздух вплотени со заедништвото на младите и нивните молитви го направија тој ден посебен и дадоа еден одличен пример дека кога чекориме заедно за Бога нашите патишта се многу полесни и дека секоја препрека ја претвораме во предизвик кој заедно го надминуваме.

к.мк

 

Категорија: Вести, Македонија

За авторот