Во среда 27 март 2019 година во просториите на Македоски Каритас се одржа средба на вработените од Каритас и претставниците на парохиските и монашките заедници кои каритативно делуваат на подрачјето на град Скопје со цел за поквалитетно служење на лицата во потреба.
д директорот на Македонски Каритас, дон Паво Шекерија кој пренесе поздрави од претседателот на Македонски Каритас монс. Киро Стојанов и изрази радост за оваа долго очекувана средба. Потоа следеше претставување на каритативното делување на секоја заедница и парохија во Скопје. Радосната и интензивна размена која сите ја доживеаја како помош и чекор напред кон организирана соработка беше вистинско богатство и охрабрување за секој поединечно како и за секоја заедница .
Парохот дон Давор Топиќ нагласи дека нашето прво послание е „да го носиме Христа во сиромаштвото и да не подлегнуваме на искушенијата на активизмот“, а директорот на крајот на средбата заблагодари и ја истакна „важноста да работиме заедно и координирано како другите би Го почуствувале живиот Бог преку нас.“ Предложено е вакви средби да се одржуваат неколку пати годишно.
к.мк