Конференција за печат на Папата на летот од Перу кон Рим

Конференција за печат на Папата на летот од Перу кон Рим

Верата на луѓето? Неверојатна – рече папата Фрањо за време на конференцијата за печат одржана во авионот на враќање од Перу, за крајот од 22 апостолско патување при што Светиот Отец ги посети Чиле и Перу. Во таа прилика на новинарите им довери она што оставило кај него најголем впечаток во текот на минатата седмица, помината на континентот од кој самиот доаѓа.

Бројни впечатливи моменти

Пред сѐ мислеше на Лима и погледот на милион и триста илјади верници собрани на завршната света Миса, пред самото враќање во Рим, во воздухопловната база Лас Палмас. Исто така силен впечаток за него остави и сведоштвото на Чилеанците, кое се чувствуваше насекаде, по улиците на главниот град, како и по улицита на Темука и Икике. Покрај топлината и срдечноста на луѓето ме зарази и сведоштвото на нивната вера – рече Папата, а потоа посебно ја истакна посетата во женскиот затвор во главниот чилеански град. Беше многу впечатливо да се видат тие жени, нивната креативност, способност да се променат и желбата за промена на животот за да се вклучат повторно во општеството и тоа со силата на Еванеглието – потсети Светиот Отец.

На Папата голем впечаток му остави и посетата на Домот Малиот принц, во кој живеат околу 40 малолетници, кои доаѓаат од сиропиталишта, од проблематични семејства, некои од нив се напуштени или пак се жртви на телесно, сексуално или психолошко злоставување. Да се видат тие деца, повеќето напуштени, оние деца и девојчиња на кои им се овозможува образование и успеваат да одат напред, тоа ми остави голем впечаток – истакна папата Фрањо, сумирајќи ги впечатоците од патувањето, кое претходно го нарече „пасторизирано“, поради големите разлики во температурите, поаѓајќи од градската летна жештина во Сантијаго во сувата клима во Икеке и многу влажната жештина во перуанска Амазонија.

Случај Барос

Поглемиот дел од конференцијата за печат беше фокусиран на проблемот со педофилијата и случајот со монс. Хуан Барос бискуп во Осорно, кој е во центарот на полемиката и обвинувањата за соучество и прикривање на злоставување. Папата за целиот случај зборуваше на шпански и италијански јазик, објаснувајќи дека почитта кон бискупот и најмногу недостатокот од докази, го увериле повеќе пати да на ја прифати неговата оставка. Кога беше именуван, започнаа сите тие протести против него и тој ми понуди оставка, но и вториот пат не ја прифатив. Тој продложи да работи, а продолжи и истрагата, но не се пронајдени никакви ‘евиденции’, никакви показатели за неговата вина. Не можам да го осудам, бидејќи немам очигледни докази, но и јас самиот сум уверен дека е невин – истакна Папата.

Венчание во авионот

На конференцијата не можеше да се заобиколи прашањето за настанот, кој не беше предвиден во програмата, а тоа е венчанието на чилеанскиот пар, кој папата Фрањо го венча на летот кон Икике. Светиот Отец објасни дека парот одамна сакал да се венча, но поради разни случувања, меѓу првите земјотресот од 2010 година, морале да го одложат венчанието. Разговарав со нив и нивните одговори беа многу јасни. „За цел живот“ – рече Папата и додаде дека биле на подготовка за венчание и сите услови биле исполнети.

Либерализам?!

На прашање што мисли за фактот дека Чиле во последните 20 години ја намали сиромаштијата од 40 на 11 % како резултат на либералната политика, Папата истакна дека треба добро да се проучат случаите со либералната политика. Има други земји во Латинска Америка, кои со либералната политика ги доведоа земјите во уште поголемо сиромаштво. Не сум стручњак на тоа подрачје, но општо, либералната политика, која не го вклучува целиот народ е селективна и води до пад – напомена папата Фрањо.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот