За да се потсети на прогонетите христијани во светот, на 24 февруари 2018 година, Папската фондацијата „Помош за црквата во неволја” ќе го осветли во црвено Колосеумот во Рим. Во исто време, со иста боја ќе бидат осветлени и други две места – симбол на прогонствата на христијаните: Катедралата „Свети Павле” во Мосул, Ирак и маронитската црква „Свети Илија” во Алепо, Сирија. По познатата римска фонтана „Треви”, која беше осветлена во црвено на 29 април 2016 година, фондацијата „Помош за црквата во неволја” повторно ја нуди на италијанската престолнина оваа „умерена провокација”, како што ја нарече директорот на фондацијата Алесандро Монтедуро за време на прес-конференција за настанот.
Иницијативата ќе се одржи во Рим, на плоштадот Гаетана Аниези, во 18 часот. На овој настан учество потврдија Генералниот секретар на Епископската конференција на Италија, монс. Нунцио Галантино и претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тијани. На истиот настан ќе присуствуваат и сведочат сопругот и ќерката на пакистанската христијанка Асија Биби, која веќе повеќе од 3 илјади дена е во затвор, која е осудена на смртна казна поради обвинение за богохулење, како и Ребека Битрус, исто така, киднапирана и малтретирана од терористите на исламистичката група Боко Харам.
РВ/к.мк