На официјалната интернет страница на Католичката Црква во Белгија CathoBel е објавено дека оваа година се крстени 305 возрасни, што е пораст за 61 крстен во однос на 2019 година.
Инаку бројот на крстени возрасни во Белгија во последните десет години е постојано во пораст. Така на пример во 2010 година имало 143 возрасни крстени, пет години подоцна во 2015 година имало 180, а во 2020 година возрасни крстени во Белигија има повеќе од 300.
Исто така повеќе од половина од вкупно 11,5 милиони жители во Белгија се крстени.
Оваа година најголем број од возрасните крстени се во бискупијата Турнаи во западна Белгија, а веднаш после е Мехеленско-бриселска надбискупија со 93 возрасни кстени.
Ватикан њуз/к.мк