Карпи – Говорот до жителите погодени од земјотресот

Карпи – Говорот до жителите погодени од земјотресот

На 2 април 2017 година во попладневните часови Папата се обрати на жителите на градот Карпи во италијанскиот регион Емилија – Ромања. Тоа беше последната дестинација од еднодневната пасторална посета на Папата на бискупијата Карпи, која во мај 2012 година беше погодена од силен земјотрес.

На целиот свет му дадовте пример на храброст – рече папата Фрањо на 2 април 2017 година на жителите на градот Карпи Мирандола, во италијанскиот регион Емилија – Ромања. Тоа беше последната дестинација од еднодневната пасторална посета на Папата на бискупијата Карпи, која во мај 2012 година беше погодена од силен земјотрес. Светиот Отец потсети дека неговиот претходник, папата Бенедикт XVI, неколку недели после земјотресот ги посети погодените подрачја за да изрази солидарност и да го охрабри населението на тоа подрачје, во свое име и во името на целата Црква. Папата Фрањо дојде за да ја потврди близината на Црквата, како и својата близина на тие луѓе.

Многу несреќи претпре населението на ова подрачје: оштетување на куќите, во производствените активности, црквите и спомениците, но уште повеќе внатрешни рани на оние кои ги загубија своите сакани и кои гледале како толку напори, жртви и труд, исчезнуваат. Светиот Отец потсети на тоа, колку само восхит меѓу луѓето во целиот свет предизвика нивното сведоштво на достоинство и снаодливост, „евангелскиот дух“ со кој населението на тоа подрачје се соочи со ситуацијата, препознавајќи го и прифаќајќи го во тие болни настани таинственото присутво на Отецот, Кој секогаш е полн со љубов, па и во најтешките искушенија.

Папата Фрањо ги поттикна присутните да не западнат во малодушност. Многу од тоа е обновено, но одлучната посветеност да се обноват историските центри – затоа што тие се места на историското сеќавање и клучни подрачја на општествениот и црковниот живот – се важни од било кога. Сигурен сум дека на никому од вас нема да му недостасува добра волја во обезбедувањето на брзо спроведување на неопходните работи за општото добро – рече папата Фрањо.

Светиот Отец пред својот говор влезе во катедралата, каде пред олтарот положи венец во чест на загинатите во земјотресот. Пред вашата катедрала – рече Папата – местото кое ја симболизира верата и традицијата на оваа подрачје – а која е тешко оштетена во земјотресот – заедно со вас упатувам до Господ искрена молитва за жртвите на земјотресот, за нивните семејства и за сите оние кои и понатаму живеат во тешка ситуација… Ви благодарам, ви благодарам за примерот кој го дадовте на целото човештво – примерот како да се оди напред, примерот на храброст и достоинство – рече на крајот папата Фрањо.

По своето обраќање на жителите на Карпи, папата Фрањо ги благослови, а потоа и многумина од нив лично ги поздрави. Потоа со папамобилот се упати кон местото каде што го чекаше хеликоптерот, од каде што – неколку минути пред 18.00 часот, отпатува назад кон Ватикан, каде пристигна околу 19.20 минути.

РВ/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот