Кардинал Туран именуван за камерленго

Папата Фрањо го именува камерленго на Светата Римска Црква кардинал Жан Луиз Туран, претседател на Папскиот совет за меѓурелигиски дијалог, а за негов заменик е именуван архиепископот Џијампјер Глодер, апостолски нунциј и претседател на Папската црковна академија. Тие доаѓаат на овие должности земенувајќи ги кардинал Тарчизио Бертоне и архиепископот Пјер Луиџи Целат.

Задачата на камерленгото е да се грижи за временските добра и правата на Светиот Престол во време додека е испразнет, односно во време на седисваканција.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот