Папскиот државен секретар, кардинал Пиетро Паролин за време на четиридневната посета на Русија треба да се сретне со патријархот на Руската православна црква Кирил, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и претседателот на Руската Федерација Владимир Путин. На 21 август 2017 година се сретна со митрополитот Иларион, раководител на одделот за надворешни работи на Руската православна црква, а нивната двочасовна средба е опишана како „многу конструктивна“.
На прес конференцијата по завршувањето на средбата, Папскиот државен секретар, кардинал Паролин, рече дека добар дел од нивниот разговор се однесувал на судирите во Сирија и Украина, како и загриженоста на Светиот Престол за состојбата во Венецуела.
Руската информативна агенција „Тасс“ истакнува дека Руската православна црква и Светиот Престол имаат ист став кога станува збор за потребата од мирно решение за Блискиот Исток, посебно за Сирија и дека нормализирањето на таа земја ќе биде возможно дури после потполното протерување на ИСИС од окупираните подрачја.
Медиумите јавуваат дека кардинал Паролин напоменал како христијаните започнуваат да се враќаат на подрачјата кои биле порано под контрола на Исламска држава, но предупреди дека и покрај некои позитивни чекори ситуацијата и понатаму е многу тешка, посебно од хуманитарен поглед.
РВ/к.мк