Кардинал Паролин за претстојните патувања на Папата во Шри Ланка и на Филипините

Постојат два важни аспекти на мисијата на Црквата во Азија: добротворната активност во областа на здравството и образованието како и во областа на меѓурелигискиот дијалог, кој што е „темел за мирот во денешниот свет“ – рече кардиналот Пиетро Паролин за Ватиканскиот телевизиски центар, зборувајќи за претстојните патувања на Папата во Шри Ланка и на Филипините.

На прашањето за ставањето на акцент од страна на Папапата за меѓурелигискиот дијалог за време на апостолската посета на Кореа и дали би можеле да очекуваме дека и овој пат ќе инсистира на оваа тема, кардиналот Паролин одговори дека мисијата на Црквата во Филипини и во Шри Ланка е иста како и во целиот свет: да се навестува Евангелието, имајќи го во предвид секако контекстот во кој се навестува. Азискиот контекст е како мозаик на општеството, културите и религиите, а Црквата во него е како мало стадо. Затоа меѓурелигискиот дијалог е значаен акцент во мисијата на Црквата во Азија.

На коментарот за религиските и етничките тензии како и за будистичкиот фундаментализам во Шри Ланка, државниот секретар на Папата истакна дека Црквата за оваа земја може да биде мост и место на средба, бидејќи Црквата ја сочинуваат различни општествени групи. Затоа Црквата може да ја има улогата во помирувањето, дијалогот и соработката. И покрај фактот што Шри Ланка познава хармоничен живот меѓу различните религии, екстремистичките групи во последно време манипулираат со јавноста и создаваат тензија користејќи ја религијата за цели кои не се сосема јасни. Постои надеж дека традицијата на дијалогот и соживотот ќе ги надминат овие нови искушенија – рече кардинал Паролин.

Папата во Шри Ланка ќе го посети и Маријанското светилиште Мадху, најпопуларното католичко место за молитва во државата, кое што се наоѓа претежно на Тамилската област, а кое во текот на граѓанската војна било центар на комплексот за бегалските логори. Кардиналот Паролин истакна дека светилиштето Мадху е еден од знаковите „Црквата како мост“ за помирување на Сингалското и Тамилското население, но и знак за единството на целото население воопшто. Расположливоста во помирувањето треба да биде присутна во сите делови на општеството во Шри Ланка – рече кардиналот.

На забелешката дека Филипините е единствена земја во Азија со католичко мнозинство и на прашањето како да се оцени присутноста на оваа млада и динамична Црква на континентот, државниот секретар на Папата истакна дека и Источен Тимор е земја со мнозинство католици. Филипините за многу млади кои доаѓаат од различни азиски земји е студенски центар и на овој остров можат да го продлабочат своето образование на многубројните католички универзитети. За Црквата на Филипините е важно да биде – како што рече папата Фрањо –  Црква која излегува од себе, која чувствува должност за навестување на Евангелието.

Кардиналот Паролин ја истакна и важноста на темите кои Папата ќе ги акцентира на оваа патување – милосрдието и сочувството – кои за Филипините се особено актуелни, како заради природните катастрофи, така и заради структурната неправда, сиромаштвото и другите причини за страдање. Милосрдието и сочувството ги лекуваат тие страдања. Тоа е значењето за присуството на Папата: да донесе елементи, димензија на лекувањето и утехата во оваа ситуација, но истовремено и да ги повика сите како би ги излекувале раните и да ги отстранат нивните причинители.

РВ/З.А.

Категорија: Ватикан

За авторот