Кардинал Зенари за состојбата во Сирија

Кардинал Зенари за состојбата во Сирија

Многу се остри зборовите со кои кардиналот Марио Зенари, апостолскиот нунциј во Сирија се осврна на опасноста од бомбардирањето на таа земја.

Кардиналот во разговор за Радио Ватикан предупреди на неуспехот на меѓународните тела, посебно Советот за безбедност на Обединетите нации, и побара да се прекине бегството на народот.

Сирија е земја која со години живее во критични моменти, но сега освен тоа владее многу голем страв дека конфликтот може да се прошири на целото блискоисточното подрачје. Затоа кардиналот силно ја повикува меѓународната заедница на лице место да утврди кој е одговорен за насилството и посебно се обраќа до Советот за безбедност на Обединетите нации, од кој бара да ја провери вистинитоста на тврдењето за употребата на хемиско оружје.

Педесет и пет години по објавувањето на енцикликата „Pacem in Terris“, желбата на свети Иван XXIII и понатаму е актуелна – рече нунциј и истакна: Денес се води светска војна во делови, како што вели папата Фрањо, а еден од тие делови е токму Сирија. Напоменувајќи дека сегашната опасност од бомбардинарањето на народот е наподнослива, кардиналот објасни колку луѓето се уморни и загрижени и колку е итно потребно да се прекине нивното бегство од земјата во која некогашното нејзино население е преполовено. Тоа е зло кое треба да се запре – истакна кардиналот Зенари. Сцените на бегалците во целиот свет се вистинити – додаде и што се однесува до тоа – според мислењето на кардиналот – треба да се покрене темелна истрага.

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот