Кардиналскиот совет изрази поддршка на Папата

Кардиналскиот совет изрази поддршка на Папата

Кардиналскиот совет на 13 февруари 2017 година го започна 18. работна сесија.

На почетокот на седницата, кардинал Оскар Андрес Родригез Марадијага, раководител на Советот, по поздравот до Светиот Отец, „во името на сите членови му се заблагодари за неговите зборови во божиќниот говор до Римската курија, на 22 декември 2016 година, препознавајќи во нив охрабрување и водство за работата на Советот.“ Што се однесува пак до неодамнешните случувања, Кардиналскиот совет изразува целосна поддршка за работата на Папата, истовремено гарантирајќи целосна согласност и поддршка на неговота личност и учителството, стои во соопштението на Кардиналскиот совет кој го објави Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот