Папата Фрањо го именува кардиналот од Гана, Петер Турксон (73), за канцелар на Папската академија на науките и на Папската академија за општествени науки, соопшти на 4 април Канцеларијата за печат на Светиот Престол.
На почетокот на 2017 година, кардиналот Турксон го презеде раководството на тогаш новоформираната ватиканска дикастерија за човечки развој, а Папата не го продолжи неговиот мандат. Во моментов, Дикастеријата за целосен човечки развој е привремено предводена од сестрата Алесандра Смерили и кардиналот Мајкл Черни.
Папската академија на науките е основана во 1603 година со цел да промовира размена и напредок во природните науки. Членовите се истакнати меѓународни претставници од различни дисциплини. Актуелен претседател е германскиот агроном Јоаким фон Браун. Се наоѓа во Ватиканските градини, каде што е сместена Папската академија за општествени науки, основана во 1994 година од Свети Иван Павле II. Актуелен претседател е италијанскиот економист Стефано Замањи.
Ватикан њуз/к.мк